ПРЕКУ ДИЈАЛОГ ДО КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ

Од денеска сите вработени во МВР добивја покачување на платата од 5%

✔️Во насока на континуирано мотивирање на вработените во МВР, согласно акциониот план помеѓу МПС и МВР денеска на сметките на вработените во МВР им е исплатена плата со пресметано зголемување од 5%, што претставува трето покачување на платите на вработени во МВР во последните неколку години.

Да се потсетиме:

✔️Во 2018 година се издејствува зголемување на платите за околу 5 илјади униформирани полициски службеници, притоа овозможувајќи издвојување на работните позиции помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени. Со ова за првпат е извршено зголемување на бодови за полициски службеници за 10 и 20 бодови за работната позиција „полицаец“, од категориите Е5, Е4, Е3 и Ж5, Ж4 и Ж3, за што во Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2019 година побарани се и одобрени парични средства за исплата на зголемување на плата во износ од 80.000.000 денари на годишно ниво за 4.821 униформиран вработен. Посебно значајно за ова раководство на МВР е што вакво зголемување за основната компонента полицаец се остварува за првпат од 1991 година па наваму.

✔️Второто покачување следуваше во Септември 2019 година, при што платата на вработените во МВР беше зголемена за 5%, а за спроведување на ова зголемување беше зголемена вредноста на бодот од 26,09 денари на 27,72 денари.

✔️Со зголемување на платите од 30 отсто се опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година. Министерството за внатрешни работи се реши на овој чекор токму од причина да се мотивираат овие кадри да не заминуваат од министерството и соодветно да придонесат на позициите за кои се ангажирани.

✔️Редовна исплата на бонус плата и исплата на заостанатите бонус плати

✔️Со најновиот Колективен договор, донесени се одлуки кои значат финансиско зголемување за вработените во МВР:

• 5 % исплата за домашно дежурство за неуниформирани полициски службеници,

• исплата на јубилејна награда за 10 години непрекината работа во МВР,

• исплата на еднократна помош од 100 евра во денарска противвредност за новородено дете, за припаднички на МВР,

• исплата на надоместок за ментор за успешно спроведена менторска програма,

• исплата за надоместок на храна за ноќна работа.

✔️Дополнително, во согласност со новиот Закон за минимална плата, за сите вработени во Министерството за внатрешни работи, на кои им се исплаќа платата врз основа на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор, минималната бруто-плата изнесува 26.800 денари. Тоа значи дека платата за вработените во МВР за најниското работно место со статус на овластени лица и полициски службеници, во согласност со систематизацијата на МВР, е над предвидената минимална.

Како Македонски полициски синдикат свесни сме дека во време на неизвесна светска економска криза покачување не ѓи задоволува во целост нашите барања. Ние како единствен репрезентативен синдикат во МВР ќе продолжиме во дијалог со министерството да изнаоѓаме начини за понатамошно подобрување на економско-социјалниот статус и условите за работа на вработените во МВР.

За разлика од некои синдикатчиња МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ПРОДОЛЖУВА СО РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ТОЧНО ЗАЦРТАНИТЕ ЦЕЛИ ОДГОВОРНО И ПОСВЕТЕНО✊️✊️✊️

Со почит,

Македонски Полициски Синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев