ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТРАТЕШКИОТ ДОКУМЕНТ НА CESP “НЕГУВАЊЕ НА СЕМЕТО МА ПРОМЕНИТЕ”

Денеска, на ден 11.04.2023 година делегација на МПС составена од Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Зоран Кузманоски присуствуваше и зема учество на презентацијата на стратешкиот документ “Негување на семето на промените”, во организација на Советот на полициски синдикати на Европа која се одржа во Брисел-Белгија.

На презентацијата свои обраќања имаа авторите на стратешкиот документ, Претседателот на CESP г-дин Рикардо Валадас, Генералниот секретар Јесус Лира и Советникот на претседателот на CESP г-ѓа Ирена Смилевска, како и Министерот на МВР на РСМ г-дин Оливер Спасовски, Деканот на факултетот за безбедност Никола Дујовски и високо позиционирани претставници на Европскиот парламент и останатите институции на Европската унија.

Целта на овој значаен стратешки документ на CESP и на сите партнери кои учествуваа во подготовката, е да се даде насока преку прецизно предложени мерки и активност со цел имплементирање во работењето на секој полициски службеник во текот на полициското работење во Европската унија и Западен балкан.

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев