Почитувани членови
Во периодот од 17-19.06.2022 година на покана од Меѓународната полициска асоцијација-ИПА Македонија делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот Д-р Марјан Кицев придружуван од Генералниот секретар Зоран Кузманоски учествуваше на XXVII ИПА Медитеранска
конференција на ИПА Национални секции во Охрид.
На конференцијата учествуваа претставници на 17 ИПА Национални секции од Романија, Малта, Србија, Португалија, Италија, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина,Црна Гора, Израел, Хрватска, Кипар, Бугарија, Албанија, Грција, Шпанија и Македонија како и Потпретседателот на Светската ИПА, членови на Светската комисија на ИПА за социјална,културна и економска работа, делегации на Организацијата за човекови права при Обединетите Нации
од Романија, Меѓународната организација за Економски развој при Обединетите Нации за Македонија.
Тема на која се говореше на конференцијата беше “Предизвиците во секојдневното Полициско работење , Физичка , Ментална и Правна заштита “.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев


