


На ден 27.10.2022 година делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Потпретседателот
Горан Ристевски, Пом. на Гененералниот секретар Владо Велков и Претседателот на ОО Виница Анѓелчо Гошев положи свежо цвеќе пред споменикот на загинатиот бранител “Александар Серафимов” во гратскиот парк во Свети Николе и присуствуваше на отворањето на меморијалниот турнир во негова чест.
Оваа спортска манифестација која традиционално се одржува во Свети Николе претставува длабок поклон кон херојското дело и саможртвата на припадникот на македонските безбедносни сили “Александар Серафимов”.
Како секоја година така и оваа, овој меморијален турнир е нашиот начин активно да го одбележиме споменот на загинатиот бранител, да упатиме благодарност кон Александар кој го положи својот живот за одбрана на татковината и воедно да изразиме длабоко сочувство до неговото семејството.
Со овој турнир сакаме да покажеме дека како и секогаш ќе бидеме сплотени, храбри , единствени и во најтешките моменти ќе дадеме се од себе, еден за друг затоа што тоа му го должиме на нашиот колега, на неговото семејство кое ни го оставија во аманет.
Никогаш не смееме да заборавиме што му должиме на херојот, дека имаме јасна обврска постојано да целиме кон подоброто, кон човечното, искористувајќи ги најдобро можностите што ни се дадени бездруго, благодарение на нашиот бранител. Неговата загуба се чувствува не само кај семејството туку и кај безбедносните сили. ВЕЧНА МУ СЛАВА” – истакна во своето обраќање пред присутните Потпретседателот Ристевски.
Со почит
Македонски Полициски Синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев