






По покана на Министерот за Внатрешни Работи г-динот Оливер Спасовски, Ми преставува чест и задоволство во име на раководството на Македонски полициски синдикат на чело со Претседателот Проф. Др. Марјан Кицев, како Претседател на Младите да ви честитам за успешно завршената обука и да ви посакам успех во најпрофесионалната професија. Бидете горди на вашиот успех и заштитници, но и чувари на редот, мирот и слободата на сите граѓани на Македонија.
На најдобриот од класа 2021/22 му врачив рачен часовник од МПС, исто така и за најдобрите од сите 15 тима поделивме подароци.