На денешен ден, пред три години, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што, остваривме една од стратешките цели – Република Северна Македонија и официјално стана триесетта земја членка на НАТО Алијансата – Сојуз во кој учествуваме како партнер еднаков со сите и преку кој гарантираме цврсти граници за безбедна иднина на нашите деца, за сите наши граѓани.

По тој повод денес делегација на Македонски полициски синдикат во состав од д-р Марјан Кицев Претседател на МПС и Зоран Кузманоски Генерален секретар на МПС присуствуваше на свеченост за одбележување на три години членство на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата која се одржа во касарна Илинден во Скопје.

Со почит,

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев