Јубилејна награда и за непрекината работа во ефективно траење од 10 години во МВР

Почитувани,
Продолжуваме со известувањата до членството за придобивките од Колективен договор на МВР (Сл.весник на РСМ, бр. 149 од 5.7.2021 година) односно за исплатата на јубилејна награда во висина на месечна просечна нето плата исплатена во Република Северна Македонија во претходните три месеци.

Имено со ова решение е надополнет членот 200 од КД на МВР, каде сега покрај јубилејна награда во висина на месечна просечна нето плата за непрекината работа во ефективно траење од 20 години во Министерството, вработените во МВР кои имаат непрекината работа во ефективно траење од 10 години во Министерството ќе добиваат јубилејна награда во висина на една половина од месечната просечна нето плата исплатена во Република Северна Македонија во претходните три месеци.
Со ова се заокружува работниот процес на вработените во МВР, потсетувајќи притоа дека согласно член 199 од КД на МВР и член 175 од Законот за внатрешни работи на работниците им припаѓа отпремнина при заминување во пензија .

Веруваме дека со ваквото решение уште еднаш ќе ја потдврдиме нашата синдикалната борба како дел заложбите за должно вреднување на трудот на работниците.
Јубилејна награда за непрекината работа во ефективно траење од 10 години во Министерството, особено се фокусира на младите кадри вработени во МВР, со што сметаме дека ќе ги потикнеме за нивно уште поголемо залагање во нивниот работен процес на полето за стекнување на знаења, вештини и способности а со тоа создадавање на стручен, обучен и компетентен полициски кадар.

Со почит
Македонски Полициски Синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев