ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД 21 ГОДИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЕДИНИЦАТА ЗА БРЗО РАСПОРЕДУВАЊЕ “ЕБР”

Почитувани сегашни и поранешни припадници на Единицата за брзо распоредување при МВР, низ годините преку Вашата одговорна работа и професионално извршување на задачите, ја изградивте Единицата за брзо распоредување во Eдиница која може успешно да издржи современи предизвици и закани.

Единица која е секогаш подготвена да ги заштити животот и безбедноста на нашите граѓани, а токму Вашите постигнати резултати, заслужено ве сместија во друштвото на елитните единици.

Во името на на Македонскиот полициски синдикат и од мое лично име, Ви ја честитам 21 година од вашето постоење, со желба за многу здравје, среќа успех во работата и извршување на задачите и во наредниот период.

По повод годишнината, а на покана од министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски во кругот на касарната Ѓорче Петров се одржа свеченост на која присуствуваше делегација пд МПС во состав од Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар Зоран Кузманоски и Заменик Генералниот секретар Адријан Телќиу.

Делегацијата на МПС положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите припадници на ЕБР

Од страна на Претседателот Кицев, на Командантот на ЕБР, Вице Столески му беше доделена плакета за особен придонес во унапредувањето на професионализмот во МВР и на сите припадници на ЕБР им порача:

,,ВАШАТА ХРАБРОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ НЕКА БИДАТ ПАТОКАЗ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ“

Нека е честит Денот на единицата! Да го славите уште многу години со нови победи и успеси!

Со почит

Македонски Полициски Синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев