ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ФОРМИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

Почитувани, Македонскиот полициски синдикат на сите свои членови и воопшто на сите вработени во Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија им го честита денот на формирањето на Агенцијата, посакувајќи им искрени честитки за добро здравјеи професионални успеси.

Почитувани, денес во време на криза кога Македонскиот полициски синдикат преку активностите кои ги покажува на терен израснува во синдикат лидер во синдикалното движење не само на национално туку и на регионално и меѓународно ниво,членовите на МПС од редовите на Агенцијата за разузнавање се значаен и конструктивен дел од тие активности.

На крајот сакаме да се заблагодариме на бројни наши членови кои доаѓаат од редовите на Агенцијата за разузнавање, кои со својот личниот придонес и ангажман оставиле печат при развојот на Македонскиот полициски синдикат и истите се пример за генерациите кои доаѓаат, за тоа како треба еден синдикален член да придонесува во борбата за остварување на подобри права на вработените.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

Д-р Марјан Кицев