УЧЕСТВО НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ПО ПОВОД ПРОСЛАВАТА 30 ГОДИНИ АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!!!

Во чест на јубилејот 30 години Армија на Република Северна Македонија 🇲🇰делегација на Македонскиот полициски синдикат во состав Д-р Марјан Кицев Претседател и Зоран Кузманоски Генерален секретар, на покана од министерката за Одбрана, Славјанка Петровска и Министерството за одбрана на РСМ присуствуваа на свеченоста која се одржа во касарната Илинден во Скопје.

Храброст, посветеност, професионализам – одлики кои припадниците на нашата Армија ги акумулираа во тридецениското постоење и работење на Армијата, на жените и мажите војници кои низ годините бескомпромисно ги демонстрираа овие вредности во одбрана на татковината.

Нашата Армија, рамо до рамо со полициските службеници, пожарникарите, медицинскиот персонал и солидарните и општествено одговорни граѓани, е секогаш во првите редови, во кризни ситуации и вонредни состојби, за што упатувам посебно признание за вашиот севкупен придонес за сигурна иднина за сегашните и сите идни генерации.

Нека е честит и вековит денот!!!

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев