Работна посета во Крушево

На ден 11.10.2022 година делегација на МПС во состав: Претседател на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски, Потпретседателот на МПС Горан Ристевски и Потпретседателот на МПС Зоран Крстев присуствуваа на работен состанок во Крушево со Началникот на ОВР Крушево Николче Петровски и членовите на МПС од Совет на МПС-Прилеп (ОО Крушево) на кој е разговарано за секојдневното работење како и потребите за кои што МПС може да допринесе со цел да се подобрат условите за работа на ОВР Крушево.

Воедно од страна на раководството на МПС е обезбеден и дониран еден мултифункционален принтер за потребите на членовите на МПС од ОВР Крушево со цел подобрување на работните услови.

Со почит,

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев