ПОСЕТА НА ПОСТОЈАНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Денес Претседателот на МПС, д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар на МПС, Зоран Кузманоски како членови на делегација на МВР предводена од министерот Оливер Спасовски беа во посета на постојаната делегација на Република Северна Македонија во НАТО со седиште во Брисел, Белгија. При посетата беше остварена средба со амбасадорот Дане Талески, на која од страна на амбасадорот Талевски беше реферирано за важноста и придобивките за нашата држава од полноправното членство во НАТО – најмоќниот безбедносно-политички сојуз во светот.

Со почит,

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев