Остварена средба

На 23.11.2022 година Заменик Генералниот Секретар на Македонскиот Полициски Синдикат , Адријан Телќиу во Дебар оствари работна средба со раководството на Компанијата ,,Slice ” од Дебар.

На средбата на менаџерот на оваа престижна компанија , г-дин Бутеинд Села му беше врачена благодарница и плакета како благодарност од Македонскиот полициски синдикат кон компанијата ,,Slice” која како потврдена општествено одговорна компанија дава перманентен и постојан придонес преку донации, со што несебично ги помага активностите кои ги организира Македонскиот полициски синдикат.

Македонски полициски синдикат

Председател

д-р Марјан Кицев