МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА “8 МАРТ”

Денес на ден 08.03.2023 година по повод МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА “8 МАРТ”, членови на Претседателството на Секцијата на Млади со свои активности по повод овој убав ден. Посети неколку основни организации на МПС односно членки на Македонскиот Полициски Синдикат кои на терен извршуваа редовни работни задачи, при што пригодно им го честиташе Меѓународниот ден на жената “8 Март” со искрени желби, жените во МВР да добијат достојно почитување и заслуженото место во министерството.

Секцијата на Млади ја предводеше Претседателот Бењамин Ќерими придружуван од членовите на Претседателството на Секцијата: Дејан Караџовски, Дашмир Камбери, Ангела Ставреска и Мелиса Зверотиќ.

Активноста беше поддржана од нашите коминтенти производители на води Кожувчанка, Пелистерка и Маја, голема благодарност до истите.

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев