МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР

ВО ЧЕСТ НА ПРЕРАНО ПОЧИНАТИ КОЛЕГИ, ПРИПАДНИЦИ НА ОДДЕЛОТ ЗА ЗАШТИТА НА ОПРЕДЕЛЕНИ ЛИЧНОСТИ И ОБЈЕКТИ

„МАЈА ЛАЗАРОВА ТОДОРОВА“

Почитувани,

Денес 18.02.2023 година делегација на Македонскиот полициски синдикат во состав Претседател на МПС д-р Марјан Кицев, Генерален секретар Зоран Кузманоски, Потпретседател Борче Грујоски и Претседател на Секција на млади Бенјамин Ќерими присуствуваше на МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР

ВО ЧЕСТ НА ПРЕРАНО ПОЧИНАТИ КОЛЕГИ, ПРИПАДНИЦИ НА ОЗОЛО

„МАЈА ЛАЗАРОВА ТОДОРОВА“ кој се организира во склоп на свеченоста 78 години од формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти.

Иницијативата и организацијата на овој меморијален турнир произлезе од Претседателот на Советот на МПС при ОЗОЛО Сашо Јовановски и членовите на органите на Советот на МПС при ОЗОЛО, за што ние како Македонски полициски им изразуваме голема благодарност, несебично давајќи им ја нашата подршка и целокупната логистика што им беше потребна.

Идеата и целта за организирање на овој меморијален турнир кој ќе прерасне во традиција е да се оддаде огромна почит на сите колеги од Одделот кои прерано починаа, а својот работен век го посветија на ОЗОЛО. Тука припаѓаат искусни полициски службеници, кои се истакнале во своето работење и оставиле трага позади себе од која ние денес учиме и ја почитуваме.

Токму затоа меморијалниот турнир го носи името на најмладата почината колешка „Маја Лазарова Тодорова“, а се однесува и на сите други прерано починати колеги.

Од причина што денот е посветен на солидарност, хуманост, спорт и дружење, во склоп на меморијалниот турнир е организирана и крводарителска акција.

На настанот свое обраќање имаа и Директорот на БЈБ Сашо Тасевски и Началникот на ОЗОЛО Александар Нацевски во присуство на делегацијата на МПС, Заменик директор на БЈБ Ариф Асани, Шефицата на на кабинет на БЈБ Сунчица Алексовска, останати претставници на МВР, преставници на ОЗОЛО, натпреварувачки екипи, претставници од меѓународнaта полициска асоцијација „ИПА“, претставник од Пивара, претставник од АД Алкалоид Скопје, Претставник од Винарија Тиквеш, претставник од Триглав осигурување, гостите присутни во салата и пријатели кои несебично помогнаа во организирањето и спроведувањето на овој значаен настан.

За несебичната финансиска и логистичка подршка од страна на Македонскиот полициски синдикат, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев прими плакета со изразена благодарност од страна на Претседателот на МПС при ОЗОЛО Сашо Јовановски.

На меморијалниот турнир од 9 натпреварувачки екипи во спортската дисциплина багминтон, 2 место освои екипата од Секција на млади на МПС, соствена од Енес Мујовиќ и Ангела Ставреска, а колегата Енес Мујовиќ беше прогласен за НАЈДОБАР машки натпреварувач.

🇲🇰👮‍♂️👮‍♀️СПОМЕНОТ Е ВЕЧНОСТ👮‍♀️👮‍♂️🇲🇰

Со почит,

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев