Македонскиот полициски синдикат на сите жени, а особено на жените – членки им го честита Meѓународниот ден на жената 8’ми март.

Почитувани,

на денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, ние Вашите колеги од Македонскиот полициски синдикат Ве потикнуваме да бидете мудри, и моќно да балансирате меѓу кариерата и семејството, притоа никогаш немојте да дозволите да бидете потчинети и потценети во однос на Вашите способности и немојте да дозволите да бидете жртви на психичко и физичко насилство.

На крајот ги охрабруваме сите жени членки на Македонскиот полициски синдикат да преку Секцијата на жени да бидат проактивни во борбата за остварување на нивните специфични права а притоа можат да сметаат на безрезервната поддршката од своите синдикални колеги од Македонскиот полициски синдикат.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

Д-р Марјан Кицев