И пензионираните колеги го препознаваат МПС

За само неполна година по започнување на функционирање на Секцијата на пензионери при МПС постигнавне бројка од преку петстотини членови.

Тоа се луѓе кои по завршување на својата професионална работа и кариера, луѓе кои имаат доверба во Македонскиот полициски синдикат, повторно се зачленија и делуваат со свои претствници во органите и телата на МПС.

Тоа укажува дека МПС се бори за работничките права и ги подобрува условите за работа на сите вработени во МВР, а воедно не ги заборави и они кои заминаа или во иднина што ќе заминат во заслужена пензија.

Само овој репрезентативен синдикат во своите редови има членови пензионeри и кои го пренесуваат своето знаење на помладите колеги како на синдикално така и на професионално поле преку најразлични обуки и тренинзи.

Македонскиот полициски синдикат се грижи и за пензионираните, поранешни вработени лица во МВР, АР, АНБ и УФП на тој начин што се сите осигирани од незгода, им се овозможува дополнително здравствено осигурување за оние кои сакаат, што е голема предност за возрасните кои пак со годините на старост се со покревко здравје. МПС допринесува и оваа категорија на луѓе да не биде заборавена, па затоа им подарува соодветен подарок за денот на полицијата 7 Мај и за новогодишните празници.

Членови на секцијата се активно вклучени за втор пат и на 20 те СИС на МПС во заедничката екипа на Секциите при МПС.

Со самото зголемување на бројот на членови во Секцијата на пензионери ќе се остваруваат и подобруваат правата на пензионерите.

Затоа ги повикувам сите кои му веруваат на Македонскиот полициски синдикат да ни се приклучат бидејќи заедно сме посилни.

Македонски полициски синдикат

Секција на Пензионери

Претседател

Ацо Антовски