БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА СИНДИКАТОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА ПОЛИЦИЈА (SAP ITALY)

На ден 28.10.2022 година во склоп на Првиот Европски полициски самит остварена е билатерална средба на делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Зоран Кузманоски и делегација на Синдикатот на италијанската полиција предводена од Претседателот на SAP Italy г-дин Масимо Денариер.

На средбата Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Претседателот на Синдикатот на италијанската полиција (SAP Italy) г-дин Масимо Денариер заклучија дека двата синдикати негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во CESP, се поврзани и со исти вредности по однос на синдикалната борба на полето за остварување на подобри економско социјални права и услови на вработените ќе бидат разгледани на ниво на ЕУ.

Со почит

Македонски Полициски Синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев