





ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА со Независниот синдикат на полицијата на Р.Србија-КЦ Панчево и Независниот синдикат на полицијата на Р.Србија-КЦ Зајечар.
Почитувани,
ни преставува особено задоволство да Ве информираме дека на ден 10.09.2022 година во Охрид во склоп на Синдикалните игри и средби на МПС, Претседателот на Македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев ги потпиша Меморандумите за меѓусебна соработка со Претседателот на НСП-КЦ Панчево Сања Попов и Претседателот на НСП-КЦ Зајечар Игор Стојадинович.
Очекувањата од оваа меѓусебна соработка се големи, особено поради фактот што членовите на овие синдикални организации ги засегаат заеднички проблеми карактеристични за овој регион во кој делуваат овие синдикати.
Со меморандумот се предвидуваат активностите на синдикалните организации во двете држави на полето за аплицирање на проекти за добивање средства за спроведување на активности пред соодветни институции и фондации кога тоа е од интерес на своето членство како и давање на секаков вид на меѓусебна помош и подршка во случаите кога ќе имаат проблеми поради своите синдикални идеи,активности и планови.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев