




ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА СО СИНДИКАТОТ НА ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА (SPP)
Почитувани,
ни преставува особено чест и задоволство да Ве информираме дека на ден 28.10.2022 година во Мадрид-Шпанија, Претседателот на Македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев го потпиша Меморандумот за меѓусебна соработка со Претседателот на Синдикатот на Шпанската полиција (SPP) г-дин Алфонсо Медина.
Очекувањата од оваа меѓусебна соработка се големи, особено поради фактот што членовите на овие синдикални организации ги засегаат исти или слични проблеми, воедно и како сојузници во CESP се поврзани со исти вредности по однос на синдикалната борба на полето за остварување на подобри економско социјални права и услови на вработените.
Со меморандумот се предвидуваат активностите на синдикалните организации во двете држави на полето за аплицирање на проекти за добивање средства за спроведување на активности пред соодветни институции и фондации кога тоа е од интерес на своето членство како и давање на секаков вид на меѓусебна помош и подршка во случаите кога ќе имаат проблеми поради своите синдикални идеи,активности и планови.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев