
Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Д-р Марјан Кицев на членовите на Македонскиот полициски синдикат им го честита празникот 11 Октомври – Денот на народното востание против фашизмот и борбата за слобода.
“Почитувани, дозволете ми во името на раководството на Македонскиот полициски синдикат и во свое лично име да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание против фашизмот и борбата за слобода.
Денес, го празнуваме 11 Октомври за да им оддадеме почит на сите кои го положиле својот живот за да можеме да ги уживаме благодатите на животот во слободна, силна и демократска држава”
Ви посакувам да имате убав празничен ден!
Со почит
Македонски Полициски Синдикат
Претседател
Д-р Марјан Кицев