




Денеска на ден 26.06.2023 година делегација на Македонскиот полициски синдикат составена од Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски и Потпретседателот на МПС Горан Ристевски присуствуваа на јубилејот “20 години од формирањето на Управата за финансиска полиција”.
На манифестацијата Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев во свое лично име и во име на сите членови на Македонскиот полициски синдикат, упати искрени честитки до сите припадници на Управата за финансиска полиција со поддршка за постигнување на уште подобри резултати во обезбедувањето на законитоста во финансиското работење во Р.С. Македонија, а во интерес на граѓаните и правните субјекти.
Воедно Претседателот на МПС потенцираше дека е гордост што припадниците на Управата на финансиска полиција се дел од Македонскиот полициски синдикат, изразувајки надеж дека во блиска иднина конечно МПС ќе го потпише колективниот договор на УФП со што ќе се регулираат правата и придобивките на членовите на МПС вработени во УФП.
Со почит,
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ
д-р Марјан Кицев