ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД 78 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ОДДЕЛОТ ЗА ЗАШТИТА НА ОПРЕДЕЛЕНИ ЛИЧНОСТИ И ОБЈЕКТИ (ОЗОЛО) И ПРОМОЦИЈАТА НА ЛОГОТО

На ден 18.02.2023 година се навршуваат 78 години од формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти (ОЗОЛО) односно на 18 февруари 1945 година на 1-то заседание на АСНОМ донесена е повелба во која покрај другото се наложува да се заштитат и обезбедат државните имоти и објекти. Со таа повелба се формира и почнува со работа оваа безбедносна формација која денес е позната како Оддел за заштита на определени личности и објекти. Низ историјата Одделот го менува обликот, начинот на работа и името, но генерациите нејзини припадници низ годините оставија позитивна трага во Министерството за внатрешни работи. ОЗОЛО важи за една од најпочитуваните безбедносни формации во Министерството за внатрешни работи и секогаш е максимално професионална во своето постапување, секогаш спремна да одговори на сите предизвици, независно колку биле сложени и специфични.

Со достојна почит на сите Ваши дела, ние како Македонски полициски синдикат (во кој активно членуваат над 80% од припадниците на ОЗОЛО) како и досега така и во иднина ќе бидеме секогаш со Вас во борбата за унапредување и подобрување на условите за работа и економско социјалниот статус на припадниците на ОЗОЛО и на останатите вработени во МВР.

По тој повод денес 17.02.2023 година во Центатот за обука на МВР во Идризово со посебна свеченост за прв пат во историјата на МВР беше одбележан овој значаен ден за македонската полиција 18 февруари, денот на формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти како и промоција на логото на ОЗОЛО.

На свеченоста обраќања имаа Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Началникот на ОЗОЛО Александар Нацевски во присуство на делегацијата на Македонскиот полициски синдикат во состав Претседател на МПС д-р Марјан Кицев, Генерален секретар Зоран Кузманоски и Потпретседател Борче Грујоски, Државната секретарка Магдалена Несторовска, Шефот на кабинетот на министерот Митко Бојмацалиев, Директорот на БЈБ Сашо Тасевски, Заменик директорот на БЈБ Арив Асани, Шефицата на кабинет на директорот Сунчица Алексовска, директорите на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, претставници на амбасадите и полициски аташеа и други гости.

Во знак на благодарност и континуирана подршка, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев во име на Македонскиот полициски синдикат прими плакета од Началникот на ОЗОЛО Александар Нацевски.

Почитувани како припадници на ОЗОЛО бидете ГОРДИ што ја имате честа да бидете припадници на една високо специјализирана, професионална безбедносна формација која била, е и ќе продолжи да биде гарант на безбедноста и сигурноста на државата и нејзините граѓани, виталните државни објекти како и животот и личниот интегритет на определени лица.

Истовремено упатуваме Почит кон загинатите и починати лица припадници на ОЗОЛО но и признание кон сите припадници почнувајќи од 1945 година па до денес…

Секогаш на браникот на Татковината🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

👮‍♂️👮‍♂️👮‍♂️👮‍♂️ ОЗОЛО 👮‍♂️👮‍♂️👮‍♂️👮‍♂️👮‍♂️

Со почит

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев