ЦЕНТРАЛНИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ВО НОВ СОСТАВ ЈА ОДРЖА СВОЈАТА ВТОРА СЕДНИЦА

Централниот Совет на Македонскиот полициски сидникат денес 23.12.2022 година во одморалиштето на МВР во Охрид ја одржа својата Втора редовна седница.

Во рамки на актите коишто се однесуваат на работењето на Македонскиот полициски сидникат за следната година, Советот ги разгледа и ги усвои Извештај на Надзорниот одбор за 2022 година.

Понатаму беше разгледан планот за набавки во МПС во 2023 година и извештајот за работа на комисијата за набавки за 2022 година, како и извештај за работата на комисијата за соработка со коминтенти.

На денешната седница, Централниот Совет го усвои годишниот извештај за работа на Претседателството на МПС во 2022 година и го донесе Буџет за работа на МПС во 2023, како и програмата за работа на Македонскиот полициски сидникат за 2023 година, која што содржи детален преглед на планираните активности за претстојната 2023 година.

Беше донесена одлука за дополнување на составот на Надзорниот одбор на Македонскиот полициски синдикат, како и беа распишани избори за местата во Органите и телата на МПС кои во изминатиов период поради разни причини се упразнети.На седницата беа наградени истакнати членови на МПС кои во изминатата дадоа особен придонес за јакнење на капацитетите на МПС.

Исто така сакаме да напоменеме дека пред одржувањето на Централниот совет своја седници одржа и Претседателсвото на МПС како и Секциите за жени, млади и пензионери при МПС.

На денешната седница, Централниот Совет присуствуваше и Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, г-ѓа Магдалена Несторовска.

Државната секретарка во своето обраќање ги запозна присутните за активностите кои ги има Министерството за внатрешни рабоити на полето за подобрувањето на статусот и условите на работа на вработените, за активностите околку набавка на униформи за полициските службеници, за проектот за санација и реконструкција на објектите во кои што тие работат и ги извршуваат своите работни задачи, реализираното зголемувањето на платите како и придобивките на вработените од новиот Колективен договор на МВР.

Почитувани Македонскиот полициски синдикат како до сега така и во иднина продолжува да врши редовно и транспарентно информирање на своето членство секоја прилика ќе го информира своето членство за својата работа преку веб страната и Facebook страната на Македонскиот полициски сидникат.

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев