ЦЕНТРАЛЕН СОВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Централниот Совет на Македонскиот полициски сидникат денес 25.04.2023 година во одморалиштето на МВР во Охрид ја одржа својата трета редовна седница.

Од страна на Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Централниот совет беше информиран за работата на МПС во периодот помеѓу две седници на ЦС.

Во рамки на актите коишто се однесуваат на работењето на Македонскиот полициски сидникат за следната година, Советот ги разгледа и ги усвои извештаите за 2022 година

на Надзорниот одбор, Статутарна комисија, Нормативна комисија, Комисија за Солидарен фонд, Комисија за Соработка со коминтенти, Комисија за набавки, Пописна комисија, Секција на млади, Секција на жени и Секција на пензионери.

Исто така на денешната седница, Централниот Совет ја верификуваше завршната сметка на МПС за 2022 година.

Беше донесена одлука за дополнување на составот на Надзорниот одбор на Македонскиот полициски синдикат, одлуки за тековно работење на МПС како и одлука за распишување на избори за местата во Органите и телата на МПС кои во изминатиов период поради разни причини се упразнети.

Исто така сакаме да напоменеме дека пред одржувањето на Централниот совет своја седници одржа Извршното биро на МПС, Претседателсвото на МПС како и Секциите за жени и млади при МПС.

Почитувани Македонскиот полициски синдикат како до сега така и во иднина продолжува да врши редовно и транспарентно информирање на своето членство секоја прилика ќе го информира своето членство за својата работа преку веб страната и Facebook страната на Македонскиот полициски сидникат.

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев