


Во чест на големиот национален и православен празник, “2 АВГУСТ ИЛИНДЕН 1903-1944”, Денот на републиката, делегација на Македонскиот полициски синдикат во состав Генерален секретар на МПС Зоран Кузманоски, Претседател на Совет МПС-Специјални единици Блажо Димитриев и Претседател на Совет МПС-ОЗОЛО Сашо Јовановски, на покана од Претседателот на РС Македонија, присуствуваа на свеченоста која се одржа во меморијалниот центар “АСНОМ” во Пелинце каде оддадоа почит и положија свежо цвеќе.
Претходно делегацијата на МПС положи свежо цвеќе и пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец во Скопје.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев