






Во чест на јубилејот 30 години Армија на Република Северна Македонија делегација на Македонскиот полициски синдикат во состав Д-р Марјан Кицев Претседател и Зоран Кузманоски Генерален секретар, на покана од министерката за Одбрана, Славјанка Петровска и Министерството за одбрана на РСМ присуствуваа на свеченоста која се одржа во касарната Илинден во Скопје.
Храброст, посветеност, професионализам – одлики кои припадниците на нашата Армија ги акумулираа во тридецениското постоење и работење на Армијата, на жените и мажите војници кои низ годините бескомпромисно ги демонстрираа овие вредности во одбрана на татковината.
Нашата Армија, рамо до рамо со полициските службеници, пожарникарите, медицинскиот персонал и солидарните и општествено одговорни граѓани, е секогаш во првите редови, во кризни ситуации и вонредни состојби, за што упатувам посебно признание за вашиот севкупен придонес за сигурна иднина за сегашните и сите идни генерации.
Нека е честит и вековит денот!!!
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев