„Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта”

Почитувани,

Денеска Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар на Македонскиот полициски синдикат, Зоран Кузманоски, присуствуваа на Конференција во организација на Министерството за труд и социјална политика во рамки на караванот за родова еднаквост на тема „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта” која се одржа во Факултетот за безбедност.

На конференцијата покрај министерот Спасовски, министерката Тренчерска, министерката Петровска, државната секретарка во МВР Несторовска, деканот на Факултетот за безбедност Дујовски и панелисти од министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана во улога на панелист свое учество зема и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, д-р Марјан Кицев.

Мојата улога во промоцијата и унапредувањето на родовата еднаквост во безбедносните служби е поразлична од причини што истата ја давам од 3 страни:

1. Првата страна е таа што Јас лично како вработен во Министерството за внатрешни работи од секогаш сум ги поддржувал моите колешки во борбата за нивните права и родовата еднаквост. Во текот на мојата 30 годишна работна кариера сум извршувал работи и работни задачи рамо до рамо со колешки дури и во најсложени безбедносни ситуации. На почетокот од мојата кариера во МВР имаше многу мал број вработени колешки, но во изминатите 5-6 години благодарение на родовата политика на министерот Спасовски и неговиот тим тој број значително се зголеми.

2. Втората страна е таа што како претседател на Македонскиот полициски синдикат исто така давам силна поддршка на 2400 наши членки вработени во МВР, АНБ,АР и УФП, во промоцијата и унапредувањето на женските права што го докажувам со следните реализирани активности:

– За прв пат во синдикализмот во МВР откога стапив на функцијата Претседател на Македонскиот полициски синдикат, во највисокоит орган на МПС(Извршно биро на МПС) на позициите Потпретседател и Помошник на Генералниот секретар избравме жени, а на пониско ниво имаме околу 30% претседателки на Совети и Основни организации. Во оваа насока сакам да напоменам дека изборот на претседатели на ОО е преку непосредни тајни избори од страна на членството со што преку кампања поттикната од моја страна ги охрабривме членките да се кандидраат и да учествуваат на изборите, со што и се зголеми бројот на жени Претседателки на ОО. Овде неминовно е, а да не се спомене дека сме еден од ретките синдикати од Балканот и пошироко во рамките на кој функционира Секцијата на жени која преку своите активности потемелно ги разработува прашањата од родовиот аспект

– при изработката на актуелниот Колективен договор на МВР во 2021 година, по иницијатива на МПС, а благодарение на заложбата и посветеноста во борбата за правата на жените од страна на државната секретарка Несторовска и родовата сензибилност на нашиот министер Спасовски успеавме во колективниот договор да имплементираме права за нашите колешки кои ги нема дури и во најдемократските европски колективни договори ( тука би ги издвоил –родовиот речник во колективниот договор, 100 евра парична помош на колешка за новородено дете, платена пауза од 1.5 час ( иако во ЗРО е предвиден само1 час) за колешки до навршување на 15 месеци старост на детето и други права)

3. Треттата и најважната заложба која ја негувувам секојдвено, е семејна – тоа е поддршката што ја давам на мојата сопруга која е вработена во МВР повеќе од 25 години. Нејзините почетоци во МВР беа како полициски службеник во унифрма и беше едниствена унифрмирана во Кавадарци во време кога жените во униформа беа реткост,да денес, постане жена на раководна позиција од оперативно ниво во МВР. И токму низ нејзината приказна и секодневните родови предизвици со кои се соочуваше сум свесен и знам дека жените во униформа можат, дека силата не е само во мускулите, туку во интелектот, храборста и знаењето.

На крај, како вработен во МВР, како Претседател на МПС и како сопруг на жена вработена во МВР сакам да ви дадам до знаење дека во мене секогаш може да гледате како во човек кој ќе ве поддржува и заеднички со вас ќе се бори за родова еднаквост во безбедносниот сектор, истакна претседателот Кицев.

Со почит

Македонски Полициски Синдикат

д-р Марјан Кицев