



Почитувани,
во периодот од 26-28.10.2022 година во организација на ОБСЕ и Секцијата на жени на Македонскиот полициски синдикат се одржа тридневна работилница во хотел Романтик-Велес како дел на Алумни програмата за родово менторство.
Тема на работилницата беше Академско пишување и јавно говорење.Учеснички на работилницата беа 25 менторки членови на МПС од двата циклуси, генерација 2018 и 2019 година.
Со ова се докажува взаемната соработка на Секцијата на жени на МПС, воопшто МПС и ОБСЕ и поддршката која ја дава ОБСЕ како досега така и во иднина.
Со почит,
Претседателка на СЖ
м-р Афродита Денковска