ТРАДИЦИОНАЛНА ИФТАРСКА ВЕЧЕРА СО КОЛЕГИТЕ ОД ОВР КИЧЕВО

На ден 01.04.2023 год. делегација на МПС во состав: Генерален секретар на МПС Зоран Кузманоски, Потпретседател на МПС Горан Ристевски и Потпретседател на МПС Зоран Крстев, на покана од Претседателот на ОО Кичево Јетмир Реџепи и Началникот на ОВР Кичево Амдин Емини присуствуваа на традиционална ифтарска вечера со колегите од ОВР Кичево, а во чест на Светиот месец Рамазан.

Радува заедништвото кое овој празник на милоста го поттикнува. Тоа, заедно со нашата определба за меѓусебно почитување и развивање на мултикултурно општество, се олицетворение на суштината на концептот „Едно општество за сите”.

Во духот на братството помеѓу нас, имајќи предвид колку заеднички нешта не’ поврзуваат, на верниците муслимани им посакувам деновите на постот да ги поминат во мир и благосостојба. И, секако, упатуваме посебна благодарност за споделената ифтарска вечера.

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев