ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА РЕФЛЕКС 2023

Почитувани,

денеска (22.12.2023 година), во Кавадарци на место викано “ДВАНАЕСЕТ ВАТАШКИ ДРУГАРИ”, делегација на Македонскиот полициски синдикат во состав Претседател на МПС д-р Марјан Кицев и Генерален секретар Зоран Кузманоски присуствуваа на тактичко-показна вежба РЕФЛЕКС 2023, во реализација на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ, со поддршка на ФРОНТЕКС, Хеликоптерската единица на МВР, а во соработка со Општата болница Кавадарци, на тема справување со прекуграничниот криминал, односно спречување на кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Македонскиот полициски синдикат им честита на сите полициски службеници за успешно реализираната тактичко-показна вежба со што уште еднаш покажаа и докажаа дека македонската полиција е подготвена за предизвиците пред кои е исправена и е рамо до рамо со полициските службеници од европските земји.

Со почит,

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев