СРЕЌНО ПЕНЗИОНИРАЊЕ!!

Почитувани,

Во изминатите денови во организација на Советите и Основните организации на Македонскиот полициски синдикат, се организираат пригодни свечености, а со цел достојно испраќање на нашите колеги-членови на МПС кои исполниле услови за пензионирање, во заслужена пензија!

На свеченостите среќно пензионирање на колегите им посакуваат Претседателите на Основните организации и Совети, како и членовите на највисокото раководство на Македонскиот полициски синдикат.

Советите на МПС кои од оправдани причини не организирале свечености истото ќе го направат во периодот по завршувањето на новогодишните и божиќни празници.

Македонскиот полициски синдикат традиционално за своите членови пензионери обезбеди пригодни подароци во вид на рачни часовници кои им се врачуваат на свеченостите.

Почитувани колеги

Ви посакуваме пензионерските денови да Ви бидат исполнети со прекрасни спомени, кои ќе Ве потсетуваат на еден исполнет и успешен живот.

Среќно пензионирање!!

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев