ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА!!







Денес,
Делегација на Македонскиот полициски синдикат составена од Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски, Потретседателите на МПС Борче Грујоски, Дугаѓин К’штањева и Горан Ристевски, Помошникот на Генералниот секретар Еврен Адемовски, Советникот на Претседателот на Советот на Европски полициски синдикати Ирена Ивановска, Претседателот на Секција на млади во МПС Бенјамин Ќерими, Заменичката на Претседателот на Секција на Млади на МПС Ангела Ставревска, Претседателот на Совет на МПС ОЗОЛО Саше Јовановски, Претседателот на Совет на МПС Специјални единици Блажо Димитриевски и Секретарката на МПС Диана Јованова по повод 7’мај Денот на Македонската полиција, во кругот на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија го посетија Споменикот на загинатите припадници на МВР каде положија свежо цвеќе.
Претходно, делегации на МПС положија свежо цвеќе и на Спомениците лоцирани во МВР Зграда на Гранична полиција, во Жена Паркот во Скопје како и останатите градови низ републиката каде има подигнати споменици на загинати бранители.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
Д-р Марјан Кицев