
Почитувани,
Денес, на ден 16.05.2023 година делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар г-н Зоран Кузманоски, Потпретседателот на МПС Горан Ристевски и Помошникот на генералниот секретар Владо Велков учествува на Состанокот на Извршниот комитет на CESP, како една од активностите во организација на СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТИ (CESP) во периодот од 15-18.05.2023 година во Рим-Италија.





Во склоп на настанот се одржа состанок на комисијата за борба против криминалот и состанок на Извршното биро на CESP на кои МПС беше претставувано од страна на Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев воедно и како Заменик на генералниот секретар на CESP.
На состанокот на Извршниот комитет на CESP секоја делегација го презентираше извештајот за своите активности во периодот помеѓу два состанока на Извршниот комитет на CESP, Претседателот на CESP Рикардо Валадас го презентираше извештајот на Претседателството на CESP за 2022/2023, финансискиот извештај на CESP за 2022/2023, буџетскиот проект за 2023/2024 и извештајот на комисијата за борба против криминалот.
Од страна на делегациите се разменуваа мислења и идеи за стратешкиот документ на CESP и начинот за негово имплементирање преку прецизно предложени мерки и активност во работењето на секој полициски службеник во текот на полициското работење во Европската унија и Западен балкан.
Исто така на состанокот на Извршниот комитет на CESP беше изгласан приемот на две нови членки во CESP, Независниот синдикат на полицијата од Србија како рамноправен член во CESP со право на глас и Синдикатот на полицијата од Косово како набљудувач во CESP без право на глас.
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ
Претседател на МПС
д-р Марјан Кицев