
Осум години непребол и сеќавање на нашите колеги, хероите кои ги положија животите во Диво Насеље, седум години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети.
Датум завиен со црна лента во нашаа историја, датум кога изгубивме осум колеги,осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните на браникот на татковината.
Македонскиот полициски синдикат како ЕДИНСТВЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ ВО МВР уште еднаш апелира и ја потсетува целокупната јавност дека припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси.
Сите ние, колегите од Македонскиот полициски синдикат, вработените во МВР како и сите граѓани секогаш ќе ја паметиме нивната храброст и секогаш ќе се сеќавааме на херојството на
Жарко Кузмановски с. Брвеница;
Ненад Серафимовски с. Зубовце;
Сашо Самојловски ,с. Брвеница;
Бобан Ивановиќ,Скопје;
Горан Илијевски,Гостивар;
Исамедин Османи,Скопје;
Љубиша Аранѓеловиќ, Скопје;
Горан Стојменовиќ,Скопје.
СЛАВА НА ИМ
Со почит кон хероите
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев