Ручек за децата и членовите на семејствата на загинатите бранители

Почитувани,

Денес, на ден 30.06.2023 година во Охрид Министерството за внатрешни работи, организираше ручек за децата и членовите на семејствата на загинатите бранители кои и оваа година летуваат во одморалиштето на Министерството.

На ручекот на покана од Здружението, присуствуваа Директорот на БЈБ Сашо Тасевски и Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев.

“Како Македонски полициски синдикат можеме да ветиме дека како досега,така и во иднина, ќе ја продолжиме соработката со здружението и во рамките на нашите можности секогаш кога дозволуваат приликите ќе ги помагаме нивните активности “- истакна Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев во своето денешно обраќање на свечениот ручек пред семејствата на загинатите бранители.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

Д-р Марјан Кицев