РАБОТНИ ПОСЕТИ НА ПС ОН КИЧЕВО, ПО ОСЛОМЕЈ И ПО ЗАЈАС

На ден 01.04.2023 год. делегација на МПС составена од Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски, Потпретседателот Горан Ристевски и Потпретседателот Зоран Крстев во ПС ОН Кичево, ПО Осломеј и ПО Зајас имаа работни состаноци со членови на МПС од Совет на МПС Охрид.

На состаноците членовите на МПС беа запознаени со тековните активностите на МПС како и за активностите кои што престојат. Од членовите беа собрани предлози и идеи во насока на утврдување приоритети на активности и делување на МПС во следниот период.

Воедно во Охрид делегацијата на МПС оствари средба со членови на Независниот синдикат на полицијата од Р.Србија на која се разговараше за продлабочување на соработката на двата братски синдикати.

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев