РАБОТНА СРЕДБА СО ПОЛИЦИСКОТО АТАШЕ НА Р. ИТАЛИЈА ВО РС МАКЕДОНИЈА

Почитувани,

на ден, 28.09.2023 година во просториите на Македонскиот полициски синдикат, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар на МПС остварија работна средба со полициското аташе на Р. Италија во РС Македонија г-дин Масимо Пани.

На средбата се разменија информации и искуства во врска со полициското работење во двете држави за жртвите од тероризам за време на вршење на службени задачи.

Од наша страна беше преставена соработката на МПС со Синдикатот на полицијата во Р.Италија и взаемната подршка на двата братски синдикати, како и заедничките активности во склоп на Советот на европски полициски синдикати-CESP.

Во контекст на сето ова на средбата се договори продлабочување на идната соработката на МПС и Италијанската амбасада во РС Македонија.

Со почит,

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев