РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Почитувани,

Денес, 02.10.2023 година, делегација на МПС во состав Претседател на МПС д-р Марјан Кицев, Генерален секретар на МПС Зоран Кузманоски и Потпретседател на МПС Борче Грујоски остварија работна средба со Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На работната средба беше поздравено зголемувањето на платата за 10% за сите вработени во МВР, што Министерството и МПС со заеднички сили успешно го обезбедија, за кое денеска беше и реализирана исплатата и кое претставува петто покачување на платите во МВР за последните шест години.

Исто така, беше поздравена и одлуката за враќањето на 32 прекувремени работни часа во месецот. Воедно, стана збор за следните планирани заеднички чекори на МВР и МПС, а кои значат подобрување на статусот и условите за работа на полициските службеници. Во таа насока Спасовски и Кицев разговараа и за можноста за формирање на Солидарен фонд помеѓу МВР и МПС. Меѓу другото, соговорниците се обврзаа и на заедничко продолжување на модернизацијата и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција, а сѐ со цел врвно гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на статусот најбезбедна земја во регионот.

П.С.

ПРЕКУ ДИЈАЛОГ ДО ОСТВАРУВАЊЕ НА ЗАЦРТАНАТА ЦЕЛ👮‍♀️👮👮‍♀️

Со почит,

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев