РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

Денес 03.04.2023 делегација на МПС составена од Претседателот на Македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар Зоран Кузманоски, Потпретседателот Горан Ристевски и Претседателот на Совет на АР одржа работна средба со директорот на Агенција за разузнавање (АР), г-дин Еролд Муслиу во просториите на агенцијата.

На средбата се разговараше за изнаоѓање на начин и финансиски средства, согласно барањето на МПС за зголемување на платите на вработените во АР за 10 % како и предлог за измена и дополнување на законот за АР со цел добивање на право за пензионирање на вработените од АР од женскиот пол со навршени 38 години работен стаж на нивно барање. На средбата со директорот г-дин Еролд Муслиу добивме целосна подршка на барањата при што од негова страна ни беше кажано дека сме на исти став и донесовме заклучот заеднички да направиме максимални напори за остварување на овие две барања.

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев