РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕКОНСТУИРАНИОТ ОБЈЕКТ НА ОВР ПРОБИШТИП

Денес 13.12.2021 година делегација од Македонскиот полициски синдикат во состав Д-р Марјан Кицев Претседател, Киро Трајковски Генерален секретар и Владо Велков Помошник на Генералниот секретар , на покана од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија беа во работна посета на реконструираниот објект на ОВР Пробиштип.Зградата на ОВР Пробиштип е реконструирана со средства од Буџетот на Министерството за внатрешни работи во рамки на концепцијата за подобрување на материјалните, инфраструктурните и техничките потенцијали на полициските организациони единици и е 64’тиот реконструиран објект кој е пуштен во употреба. Согласно договореното со раководството на МВР, планот е и следната година да се прoдолжи со реновирањето на останатите полициски станици, како и почетокот на градба на нова полициска станица во Скопје во населбата Аеродром, реконструкција на Центарот за обука во Идризово и реконструкција на Одделот за граѓански работи.Со почит Македонски полициски синдикат Претседател Д-р Марјан Кицев

Leave a Comment

Your email address will not be published.