РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА АМЕРИКАНСКО-АЛБАНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА МПС

Почитувани,

на ден 09.03.2023 година, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски и Заменикот на генералниот секретар Адријан Телќиу во просториите на МПС ги примија во работна посета претставници на Американскл-албанско здружение за спроведување на законот од Соединетите американски држави.

На работната посета беше разговарано за теми поврзани со правата на вработените во полицијата од двете држави како и проблемите со кои тие се соочуваат во секојдневното работење. Беа разменети повеќе идеи за можна понатамошна соработка и заеднички проекти од взаемен интерес.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев