



Денес на ден 27.04.2023 година Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Зоран Кузманоски со цел директен контак со колегите на терен и увид во условите за работа и секојдневни потреби на членовите на Македонскиот полициски синдикат, беа во посета и одржаа работни состаноци со членовите на Совет на МПС-Тетово во СВР Тетово и Совет на МПС-Гостивар во ОВР Гостивар.
На состаноците од страна на претставниците на МПС членовите беа запознаени за реализирани активности и активности кои се планираат да се реализираат од страна на МПС во иднина, се разговараше и воедно се планираа активности за решавање на проблемите со кои се соочуваат членовите, се разговараше за придобивките од колективниот договор на МВР и придобивките од членувањето во МПС како и други синдикални теми.
Со почит,
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ
Претседател
д-р Марјан Кицев