
Почитувани,
на ден 09.11.2022 година, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски остварија работна средба со раководството на Единицата за брзо распоредување, Командантот Вице Столевски, Заменик Командантот Тони Стојоски и Претседателот на ОО при МПС во ЕБР Небојша Костовски.
На средбата беше разговарано за теми поврзани со правата на вработените во ЕБР кои произлегуваат од работен однос како и останати теми кои го покриват синдикалното работење, а како заеднички заклучок од состанокот беше дека унапредување на правата и подобрување на условите за работа на работниците може да се постигне единствено преку отворен дијалог помеѓу синдикатот и работодавачот.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев