РАБОТЕН СОСТАНОК СО РАКОВОДСТВОТО НА ОДДЕЛОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПОЛИЦИСКИ ОПЕРАЦИИ (ОСПО), ЕДИНИЦАТА ЗА БРЗО РАСПОРЕДУВАЊЕ (ЕБР) И ПОСЕБНАТА ЕДИНИЦА ЗА ПОДРШКА (ПЕП)

Почитувани,

на ден 16.02.2023 година, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски остварија работна средба со Началникот на Одделот за специјални полициски операции г-дин Митко Даневски, Командантот на Единицата за брзо распоредување г-дин Вице Столевски, Командантот на Посебната единица за подршка г-дин Роберт Илиевски на која присуствуваше и Помошникот на министерот за Општи и заеднички работи г-ѓа Андријана Савовска.

На средбата беше разговарано за теми поврзани со правата на вработените во САЕ Тигар, ЕБР и ПЕП кои произлегуваат од законот за работни односи и колективниот договор, проблеми со кои се соочуваат како и изнаоѓање на решенија, теми кои го покриват синдикалното работење, а како заеднички заклучок од состанокот беше дека унапредување на правата и подобрување на условите за работа на работниците може да се постигне единствено преку отворен дијалог помеѓу синдикатот и работодавачот.

Исто така Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски присуствуваа на отварање на новата кујна во Полицискиот центар “Ѓорче Петров” на која присуствуваа и Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, Државната секретарка м-р Магдалена Несторовска, Директорот на БЈБ м-р Саше Тасевски, шефот на кабинетот на министерот г-дин Митко Бојмацалиев и членови на кабинетот на министерот и директорот.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев