РАБОТЕН СОСТАНОК СО ЗАМЕНИКОТ МИНИСТЕР ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани,

на ден 28.12.2022 година, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски и Потпретседателот на МПС Дугаџин Кштањева, остварија работна средба со Заменикот министер во Министерството за внатрешни работи, г-дин Назим Буши.

На средбата беше разговарано за теми поврзани со правата на вработените во Министерството за внатрешни работи кои произлегуваат од работен однос како и останати теми кои го покриват синдикалното работење, а како заеднички заклучок од состанокот беше дека унапредување на правата и подобрување на условите за работа на работниците може да се постигне единствено преку отворен дијалог помеѓу синдикатот и работодавачот.

Констатирано е дека во изминатата 2022 година на ова поле се постигнати значителни резултати и договорени се активности за 2023 година.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев