
Почитувани,
на ден 29.12.2022 година, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Потпретседателот на МПС Горан Ристевски остварија работна средба со Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи, г-ѓа Магдалена Несторовска.
На средбата беше разговарано за теми поврзани со правата на вработените во Министерството за внатрешни работи кои произлегуваат од работен однос како и останати теми кои го покриват синдикалното работење, а како заеднички заклучок од состанокот беше дека подобрување на економско социјалниот статус на вработените во МВР, унапредување на правата и подобрување на условите за работа на работниците може да се постигне единствено преку отворен дијалог помеѓу синдикатот и работодавачот.
На состанокот се договорија и активностите за 2023 година, а се во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев