


Почитувани,
на ден 28.12.2022 година, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски остварија работна средба со Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, г-дин Саше Тасевски.
На средбата беше разговарано за теми поврзани со правата на вработените во Министерството за внатрешни работи кои произлегуваат од работен однос како и останати теми кои го покриват синдикалното работење, а како заеднички заклучок од состанокот беше дека унапредување на правата и подобрување на условите за работа на работниците може да се постигне единствено преку отворен дијалог помеѓу синдикатот и работодавачот.
На состанокот се договорија и активностите за 2023 година, а се во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев