
Почитувани,
на ден 27.12.2022 година, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски, Потпретседателот Горан Ристевски и Претседателот на Совет на МПС АР, остварија работна средба со Директорот на Агенцијата за разузнавање, г-дин Еролд Муслиу.
На средбата беше разговарано за теми поврзани со правата на вработените во Агенцијата за разузнавање кои произлегуваат од работен однос како и останати теми кои го покриват синдикалното работење, а како заеднички заклучок од состанокот беше дека унапредување на правата и подобрување на условите за работа на работниците може да се постигне единствено преку отворен дијалог помеѓу синдикатот и работодавачот.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев