


Денeс, 11 Јули 2022 година, по покана од Министерството за внатрешни работи, делегацијата од Македонскиот полициски синдикат во состав д-р Марјан Кицев, Претседател на МПС, Зоран Кузманоски, Генерален секретар на МПС, Владо Велков, Помошник на Генералниот секретар на МПС и Кристина Јованова, Претседател на Совет на МПС Кочани, беа на промоцијата на реновираниот објекти на ОВР Берово во Берово.
Имено ова е 76 објект на МВР кој е реконструиран или саниран од страна на Министерството во периодот од 2017 година до денес.
Почитувани,
Македонскиот полициски синдикат како и досега така и во 2022 година во насока на обезбедување подобри услови за работа на вработените во Министерството за внатрешни работи ќе биде во постојан контакт со раководството на МВР, а се со цел, преку конкретни предлози и барања да се иницира постапка за оние објекти во МВР на кои им е потребно реновирање или санацијата.
Во рамките на посетата на реновираниот објект на ОВР Берово, од страна на раководството на МПС на членовите на МПС од ОО на МПС Берово, им беше дониран еден TV приемник.
Со почит,
Македонски Полициски Синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев